
Вести
Откупени 80 % од тутунот
Над осумдесет проценти или 12 милиони килограми тутун се веќе откупени, информираа од Државниот инспекторат за земјоделство.
Просечната цена изнесува 191 денар за еден килограм тутун. Надлежните велат дека една од десетте компании кои беа задолжени за годинешниот откуп на тутун не ги исполнува условите и ќе биде избришана од регистарот. Финансиската гаранција е причината што компанијата нема да може да го откупува тутунот.
Годинава се очекува да бидат откупени околу 20 милиони килограми тутун, родот е со висок квалитет, задоволни се и тутунопроизводителите, но и откупните центри.





