fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Државно претпријатие оствари поголема добивка и од најголемите македонски банки

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од годинава ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година остварило добивка од приближно 3,5 милијарди денари, или неверојатни 56 милиони евра, остварени за 2022.

Ова го покажува извештајот за последниот квартал од работењето на државното претпријатие, каде што наедно е прикажана остварената добивка и за целата измината година. Друштвото кое остварува приходи генерално од патарини, акцизи на гориво и провизии од регистрации, најголемиот дел од трошоците го насочува за враќање на ратите и каматите од кредитите од меѓународните кредитни институции кои ја финансираат изградбата на македонските патишта.

Инаку ЈПДП со своите приходи и евентуална добивка не ја покрива работата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, чии првично проценети трошоци ќе изнесуваат 1,3 милијарди евра, туку парите ќе бидат директно обезбедувани од националниот буџет.

Добивката на „Државни патишта“ за 2022 е поголема за 234 отсто во споредба со една година претходно. Во 2021 таа изнесувала околу 24 милиони евра. За 2020 пак претпријатието оствари огромна добивка од околу 76 милиони евра.Повеќе на https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close