fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе има ли фер цена за грозјето?-Во Собрание нов предлог закон!

 Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет согласно дадена методологија ќе ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството – се наведува во нивниот предлог.

Утврдување на производна цена на винското грозје, рок до кога треба да се утврди цената, но и методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, начинот на утврдување производна цена и гарантирана цена за откуп. Ова се дел од одредбите кои сакаат да ги постигнат дел од пратениците во Собрението, кои изработиле Предлог на закон за измени и дополнувње на Законот за вино.

Како што се наведува во него, основната цел е заштита на интересите на производителите на винско грозје. Предлагачите, Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова бараат законот да се донесе по брза постапка, со европско знаменце.

–  Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет согласно дадена методологија ќе ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството – се наведува во нивниот предлог.

Според нив, со законот се уредуваат планирањето и утврдувањето на производната цена, управувањето со производствениот потенцијал за производство на винско грозје, производството на вино, пазарот и прометот со вино, исплатата на винското грозје и утврдување на производна цена на винското грозје.

–  Измените и дополнувањето на Законот за виното е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја бидејки во спроведувањето на постоечкиот законот со откупот на винско грозје има појава на ниски откупни цени, несоодветно и неправично плаќање по шеќерни единици од страна на откупувачите, непринципиелно искористување на можноста за плакање веднаш со тоа што му се намалува откупната цена како и злоупотреба и искористување на одредени слабости во постоечкиот закон – се истакнува во предлогот Повеќе на .faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close