fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ѓоргиевски-За жал цената на житото се очекува да биде под 20 денари

Р'ѓа се развива кај житото од премногу влага

Ѓорги Ѓоргиевски, индивидуален земјоделец од селото Логоварди, битолско се жали дека житото веќе страда од влагата и болести.

„Житото зрее имаме проблеми со влагата, се крепиме некако, ама веќе е појавена болеста р’ѓа на житото. Ако продолжат дождовите и влагата се повеќе се зголемува ќе биде тешко за жетвата. Реално ќе биде тешко за сите, може да има намалување на приносите и гниење. Ако р’ѓата се развие до тој степен ќе се десеткува производството. И да употребиме препарати ќе биде тешко и од нивниот квалитет ќе зависи што ќе можеме да спасиме од пченицата“, се жали Ѓоргиевски.

Слична е состојбата и со квалитетот на јачменот чија жетва во Пелагонија треба да почне за десеттина дена.

Земјоделците ги загрижува и цената на житото, иако засега се е на ниво на шпекулација, Ѓоргиевска очекува дека цената на житото годинава ќе биде ниска, дури пониска од ланската.

„Очекуваме цена под дваесет денари за килограм, лани јас добив 21,5 денари за килограм. Но, годинава се очекува добар принос, ако велам се спаси житото од болеста. Па можеби со повисоките приноси ќе компензираме“, вели Ѓоргиевски кој обработува 6 хектари по житни култури од кои само 5 хектари под пченка и 2 хектари со градинарски култури.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close