fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Прилеп се гордее и со Музејот за тутун- еве зошто е уникатен на Балканот

За Прилепчани или родени во Прилеп, уникатниот Музеј за тутун е нормална работа. За гостите од Македонија и од странство е луксузна оаза која раскажува приказни за славни принцези, кралеви, султани, славни личности, актери и наследници. 

Како гости на 57.МТФ „Војдан Чернодрински“ ја имавме ретката можност да го посетиме Музејот, eдинствен  од овој вид на Балканот и e еден од поголемите тутунски музеи во Европа. Тој е основан од д-р Бошко Бабиќ во 1973 година, по повод 100 години организирано тутунопроизводство во Прилеп и 400 години од присуството на тутунот во Отоманската империја.

По бројните витрини не прошета кустосот Александар Цветкоски кој со страст раскажува за тајните и приказните кои се кријат зад лулињата, табакерите, бурмутниците, наргилињата, запалките, цигарите….

Поради раритетноста, исклучителноста и убавината, збирката не ги остава рамнодушни посетителите потсетувајќи, со својата луксузност, дека тутунот е феномен на апсурдот.

Почнувајќи од најстариот експонат, кој датира од 2 век пред наша ера, мариовската луличка, за уживање психотропни печурки, кои ги пушеле луѓето особено на денот на слободата, по примерот на Рим и Грција во чест на богот Крони, па до пурата која во 1972 година Тито му ја подарил на Ѓорѓи Цаца на Бриони, витрините на прилепскиот Музеј за тутун ги красат вкупно 4.200 експонати, кои низ приказната за тутунот, раскажуваат за духот на времето ширум светот. За неговите колекции во тоа време се вложени 13 милиони германски марки. Прилепскиот музеј за тутун е влезен во најголемите водичи, како што се германскиот и францускиот „Ла пети футе“.

Експонатите во музејот се поделени во неколку области:

– Експонати за уживање тутун;
– Експонати од индустриското производство и манипулација со тутунот;
– Експонати од рекламирањето на тутун и производи од тутун;
– Експонати од феноменологијата на тутунот;
– Етнографски експонати од производството и манипулацијата со тутунот;
– Збирка на каширани фотографии;
– Збирка на историски документи;
– Библиотека на ретки и стари книги и ракописи;
– Колекција на уметнички слики.

Во 24 витрини се сместени 750 експонати:

Лулиња, чибуци, табакери, бурмутници, дозни за тутун, пепелници, наргилиња, водни лулиња за тутун и опиум, чистачи и полначи за лулиња, порт цигари, камиши, сечачи за тутун, дробилки за бурмут (авани), апарати за потсекување и режење цигарети и цигари, калапи и други алати за изработување лулиња, шандани (држачи и тацни за послужување тутун и цигари), кутии за тутун, цигари, тацни за служење цигари, направи за потпалување на лулињата, чилами за хашиш, запалки, кутии за виткање цигари, машички, ризла и палмини листови за завиткување, рекламни сетови и др.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close