Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски најави-утре исплата на субвенциите за сертифициран семенски материјал
Продолжува исплатата на субвенции
Никица Бачовски, директор на Платежната агенција најави дека утре ќе бидат исплатени субвенции за сертифициран семенски материјал.
Бачовски денеска ова го најави во Свети Николе каде се доделуваат 730 решенија за набавка на трактори во тој регион.
-Од февруари навака почнавме со исплата со субвенциите за лозарство, поледелство, овоштарство, градинарство, а веќе во текот на утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите за користен сертифициран семенски материјал за сите поледелци, а веднаш потоа ќе биде исплатена и мерката за остварен принос, рече Бачовски.
Аплицирањето за субвенции за 2023 е до 30 јуни.
А.Блажевска