fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Популарната мерка „Млад земјоделец“, со неповратни 10 000 евра

Во тек е и распределбата на новите картички за „зелена нафта“, со буџет од близу 5 милиони евра со оваа мерка се опфатени околу 50.000 земјоделци.

Во моментот се распишани мерки со вкупен износ од над 50 милиони евра  и  поддршка за земјоделството и руралниот развој, објави министерот Љупчо Николовски .
1. Популарната мерка „Млад земјоделец“, со неповратни 10 000 евра за започнување со земјоделска дејност.
Рок: 15.10.2023 год.
2. Мерка 3 од ИПАРД 2, со буџет од 9 милиони евра наменети за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Рок: 03.10.2023 год.
3. Мерка 1 од ИПАРД 3, со буџет од 20 милиони евра за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.
Рок: 15.10.2023 год.
4. Мерка 7 од ИПАРД 3, со буџет од 10 милиони евра за диверзификација на фарми и развој на бизниси/ рурален туризам.
Рок: 15.10.2023 год.
5. Субвенционирање на каматна стапка за корисници на ИПАРД.
6. Во тек е и распределбата на новите картички за „зелена нафта“, со буџет од близу 5 милиони евра со оваа мерка се опфатени околу 50.000 земјоделци.
Информации на www.mzsv.gov.mk и www.ipardpa.gov.mk
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close