Агро бизнисБез категоријаВести
Завршен е последниот јавен повик од ИПАРД 2
Аплицираа 58 правни субјекти за инвестиции во преработка и маркетинг со побарана сума за финансирање од 8.64 милиони евра.
На повикот за мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи кој траеше 60 дена, аплицираа 58 правни субјекти за инвестиции во преработка и маркетинг со побарана сума за финансирање од 8.64 милиони евра, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Апликациите се однесуваат на инвестиции во следните сектори :
Преработка на млеко и производство на млечни производи – 1
Преработка на месо и производство на месни производи – 12
Преработка на овошје и зеленчук – 25
Преработка и производство на мелнички производи – 9
Преработка и производство на растителни и животински масла и масти – 1
Преработка на грозје и производство на вино – 10
Потсетување до сите заинтересирани апликанти дека во тек е јавниот повик за Мерка 1 и Мерка 7 кој завршува на 15.10.2023 година
Повеќе информации на https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/Ipard/5