По втор пат цути зумбулот, а сливите, бадемите и леските се полни со цвет
Како што објаснува за „Слободен печат“, агрометеорологот Ангелко Ангелески, ова не е добро и ќе значи изгубен род.
Во јужните делови на Македонија, а и во Тиквешијата, некои дрвца повторно процветаа поради нереално високите температури во октомври, а и сега во првите ноемвриски денови. На страницата Земјоделие.мк се споделуваат фотографии на расцутени зумбули, проследени со муабети дека тоа навестува дека зимата ќе биде лоша и долга
Расцутени лешници, рани сливи и бадеми среде ноември. Во јужните делови на Македонија, а и во Тиквешијата, некои дрвца повторно процветаа поради нереално високите температури во октомври, а и сега во првите ноемвриски денови. На страницата Земјоделие.мк се споделуваат фотографии на расцутени зумбули, проследени со муабети дека тоа што ова цвеќе цути по вторпат годинава, навестува дека зимата ќе биде лоша и долга. Други, пак, контрираат дека и лани имало двојно цутење, но зимата сепак била блага.
Како и да е, оваа појава е штетна за растенијата и доколку не се преземат мерки, може да влијае врз значително намалување на приносите во наредната година, велат стручњаците. Треба да се нагласи дека последователното цветање е штетно за растенијата, дека негативно влијае врз развојот, ја зголемува чувствителноста на неповолните фактори како што се ниските зимски температури и доколку не се преземат мерки за правилно внесување на растението во зимскиот период на мирување, може да влијаат врз големо намалување на приносот во следната година.
Како што објаснува за „Слободен печат“, агрометеорологот Ангелко Ангелески, ова не е добро и ќе значи изгубен род.
Во јужните краеви од државата, каде што има влијание на уште потопол воздух и климата е медитеранска, веќе е забележано цутење на раните видови сливи, на бадемите и на леските. Нормално дека не е добро, бидејќи се најавува постуден бран со појава на слана што ќе ги изгори кревките цветови. Тоа е загубен род за догодина. Климата се менува и сè што ни се чинеше далечно пред десетина години, сега станува редовна појава. Октомври беше натпросечно топол, а и овие денови од ноември има драстично повисоки температури од вообичаените за средина на есента, кога природата вообичаено влегува во фаза на мирување – вели агрометеорологот Ангелески.https://www.slobodenpecat.mk/