fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Утре во Битола конференција – Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“

На конференцијата за претставување на проектните активности од проектот:  Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“, ќе бидат презентирани активностите кои се реализираат во рамките на проектот, со цел  младите и идните креатори на јавното мислење да придонесат кон градење доверба преку јавно застапување и активизам за промовирање на помирувањето, меѓуетничкиот дијалог и дијалогот околу минатото.  

Утре (сабота) во Битола ќе се одржи конференција за преставување на проектот Младите за соживот и мултиетничка толеранција, насловен  „ЗАЕДНО“.

Настанот ќе започне во 13:00 часот во  Ресторан Премиер центар Битола – долна сала.

На конференцијата за претставување на проектните активности од проектот:  Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“, ќе бидат презентирани активностите кои се реализираат во рамките на проектот, со цел  младите и идните креатори на јавното мислење да придонесат кон градење доверба преку јавно застапување и активизам за промовирање на помирувањето, меѓуетничкиот дијалог и дијалогот околу минатото.
Проектните активности се насочени кон намалување на неинформираноста, која често може да биде причина за рецидив на конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и сегрегација. Наспроти тоа, заедничкото делување на различните националности резултира со младински активности за промоција на историјата, култура, идентитет и традицијата на националностите за да се продлабочи институционалната и вонинституционалната соработка на народите, која мора да биде заедничка, бескомпромисна и насочена кон исполнување на целите за општествен напредок. Ова ќе даде долгорочен бенефит во заедницата, посебно во Пелагонискиот и Североистичниот регион, со акцент на општините Битола и Крива Паланка, велат организаторите.


Настанот се реализира во рамки на проктот:  Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“, имплементиран од  Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје, во соработка со Здружение за регионална соработка „22 Нентори“ од Битола и Кластер за туризам од Крива Паланка и со финансиска поддршка од Европската унија.
На настанот ќе учествуваат: Билјана Младеновска, координатор на проектот и претставник на Здружение „Профицио“, Сибела Алимовска, претставник на „22Нентори“ од Битола и Драган Величковски, претставник од Кластер за туризам од Крива Паланка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close