Трипуновски најавува исплата на заостанати субвенции од 2021 година досега
Петнаесет месеци доцнат субвенциите кон млеко-производителите.
На втората седница на Влада направивме промена на постоечката програма. Ослободивме десет милиони евра за субвенции, пари за субвенции со кои што ги исплативме кон земјоделците. Минатата недела помина ребалансот на буџетот, излезе во службен весник, се обезбедија нови милијарда двесте и педесет милиони денари кои исто така во наредниот период ќе бидат исплатени кон сите категории на земјоделци. Ова се заостанати обврски, за да биде појасно имаме субвенции од некои петнаесет месеци задоцнување кон млеко-производителите.
-Имаме субвенции кои не се исплатени повеќе од една година. Ова се што ќе го исплатиме во наредниот период е практично да дојдеме во ситуација се што е по долг од 2023, 2022, 2021 и претходните години да биде се исплатено. 2024 да биде исплатена во првите месеци во 2025. Во постоечката програма која има зголемена бирократија ќе ја намалиме, односно ќе го укинеме она што е дополнително пријавување во месец Декември. Земјоделците треба да ги фокусираме на производство, да ги едуцираме, да им помогнеме со модернизација, додека бирократските процедури треба да ги сведеме на минимум за да не губат време во администрирањето. Од друга страна Министерството со Платежната агенција навремено да ги информира за сите промени, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.
Третиот сегмент во делот на субвенции е дека сериозно ќе се прави проверка на тоа кој колку зема субвенции затоа што првичните информации говорат дека имало многу злоупотреби , односно луѓе кои на некој начин го црпеле буџетот во делот на субвенции а не биле вистински земјоделци. На вистинските земјоделци им се зема од нивниот колач и биле ставени во втор план, појасни министерот.
Трипуновски најави дека контролата на терен ќе биде зголемена во секој еден сегмент поради тоа што треба да се елиминираат злоупотребите . На тој начин вистинските средства од програмата кои ќе бидат ставени како земјоделски субвенции за 2025 ќе бидат кон вистинските земјоделци, навремено исплатени и да имаат еден вистински ефект.
„Досега она што се правеше беше повеќе на хартија отколку на дело. Да се работело системски, планирањето да биде согласно потребите на земјоделците ќе беше поинаква ситуацијата. Ние денеска за ваша информација програмата за земјоделска поддршка во земјоделството била пре-димензионирана на хартија, со големи субвенции и суми ама само на хартија! Никогаш на дело не биле спроведени. Тоа во превод значи дека минатата влада повеќе си правеше популизам, мерки и активности кои што реално никогаш не биле спроведени на терен. Затоа велиме дека тоа е еден од сегментот каде што практично македонското земјоделство колабира и е доведено до една ваква коматозна состојба“, изјави Трипуновски.
МЗШВ
Извор: МИА