fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Утре инфо денови за ИПАРДОТ во Карбинци и Штип

Четврток во Кавадарци, а петок во Прилеп

ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК 01/2025 ЗА МЕРКА 1 ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ЦЕЛА НЕДЕЛА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја продолжуваат  кампањата за информирање и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма 2021-2027 (ИПАРД 3).Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.

ИНФО ДЕН 26ти февруари(среда) 2025 година

-Карбинци со почеток од 11:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА)

-Штип со почеток од 14:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА).

 

ИНФО ДЕН 27ти февруари(четврток) 2025 година

– Кавадарци со почеток од 11:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА)

-Тимјаник со почеток од 14:00 ЧАСОТ (Основно училиште).

 

ИНФО ДЕН 28ти февруари(петок) 2025 година

-Прилеп со почеток од 11:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА)

-Кривогаштани со почеток од 14:00 ЧАСОТ (Општинска сала -противпожарен дом).

 

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

– Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460

– Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

– Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close