fbpx
Вести

Привршува рокот за пријавување штети од невремето

steti

Барањата за проценка и обесштетување од невремето со град што зафати повеќе региони во земјава ќе може да се поднесуваат до крајот на неделава, односно до 30-ти јуни. Досега се доставени 150 барања, а првичните проценки се дека се настрадани скоро 3.000 хектари со овошни, градинарски и со житни култури.

Скопскиот, Тетовскиот, Велешкиот, Светиниколскиот, Кумановскиот, Штипскиот и Гевгелискиот се регионите кои беа најмногу зафатени со последното невреме и кои претрпеа најмногу штети. Во подрачните единици на министерството за земјоделство досега се доставени 150 барања, а за нивно поднесување крајниот рок истекува на 30 јуни до кога земјоделците ќе можат да ги пријавуваат штетите од поројниот дожд проследен со силен ветер и град.

Според првичните согледувања настрадани се околу 3.000 хектари со земјоделски култури, најмногу со овошни, градинарски и со житни насади.

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават фотокопии од личните документи, трансанциска сметка и документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

За проценка на штетите се формирани повеќе комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има предизвикано штети.

Обесштетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по увидот од комисиите и по проценката од страна на Бирото за судски вештачења.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close