
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Убава вест! Откупот на пиперката се одвива непречено, цената не е пониска од 25 денари, објави министерот Трипуновски
Одбитоците не се поголеми од 3%; - Откупната цена не е пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус
Министерот Цветан Трипуновски објави дека откупот на црвената пиперка капија се одвива непречено. Веста ја објави по посетата на земјоделците производители на пиперка капија во Пелагонија.
-Денеска при посетата на откупните центри во Кривогаштани и Могила, утврдивме дека откупот на пиперка се одвива непречено и во согласност со договорените услови:
– Одбитоците не се поголеми од 3%;
– Откупната цена не е пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус.










