
Хоџа- Секоја штета врз земјоделството е удар врз семејствата на земјоделците
Заменик министерот по невремето во скопско
За време на посетата на терен, тој се запозна со актуелната состојба и првичните последици врз земјоделските површини, при што истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и да бидат во постојана комуникација со земјоделците и надлежните институции.
„Секоја штета во земјоделското производство претставува директен удар врз семејствата кои живеат од земјоделството. Во вакви моменти најважно е да бидеме со земјоделците, да ги слушнеме нивните потреби и да постапуваме одговорно“, истакна Хоџа.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира земјоделците редовно да ги следат официјалните известувања на Управата за хидрометеоролошки работи, а особено специјализираната веб-платформа „Агрометео“, која обезбедува временски и агрометеоролошки прогнози, предупредувања и информации значајни за планирањето на земјоделските активности.
Навремените и точни информации им овозможуваат на земјоделците навремено да преземат превентивни мерки и да ги намалат последиците од неповолните временски услови.
Министерството останува посветено на поддршката на земјоделците и ќе продолжи да обезбедува институционална поддршка во справувањето со последиците од природните непогоди.




