Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Средба на Серафимовски со пчеларите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.

Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање соодветни политики.

На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција.

  • Само преку отворен дијалог и координирано постапување можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство.

Поврзани новости

Back to top button