Од почетокот на годинава почнуваат да важат законските решенија кои околу 400 земјоделци кои имале проблем со недостаток на стаж ќе се стекнат со старосна пензија. Ќе им се смета и времето поминато во осигурување.
Законот предвидува доколку осигуреникот нема целосно утврден стаж на осигурување по 1 јануари 1989 година да се смета и времето поминато во осигурување.
Законското решение беше предложено од Владата во август минатата година, по што влезе во собраниска процедура, и беше поддржано од пратениците.