вести

Над 100 барања поднесени за набавка на земјоделска механизација во штипско

Над 100 електронски апликации изработија советниците во штипската агенција за поттик и развој на земјоделството, за набавка на нова земјоделска механизација. За оваа мерка од програмата за рурален развој, позната како „50-50″, земјоделците во штипско пројавија најголем интерес досега.

nad 100 baranja podneseni za nabavka na zemjodelska mehanizacija vo shtipsko

 

До крајот на месецот тече рокот за аплицирање за повратни средства за новоподигнати лозови и овошни насади и набавен добиток во последното тромесечје лани. До 3 март тече рокот за млади земјоделци. Досега за првата мерка се пополнети три апликации, а 40-тина млади земјоделци конкурирале за отпочнување на земјоделски бизнис.

За трактори и механизација ќе се аплицира до сабота. Инаку, предлог измените од Законот за возила, кои се во законска процедура, предвидуваат земјоделците технички преглед на тракторите и тракторските приколки да вршат на две, а регистрација на секои шест години.

Со ова на земјоделците ќе им се намалат трошоците за регистрација, а истовремено ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот – сметаат надлежните.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close