fbpx
Вести

Пријавување на тутунпроизводството до 31 март

tutun

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Делчево во тек е пријавување на производството на тутун за реколтата 2017 година.

Како што истакна раководителот на ПЕ на МЗШВ, Блаже Костадиновски, тутунопроизводителите треба да го пријават планираното производство за годинешната реколта заклучно со 31 март оваа година.

„Тутунопроизводителите потребно е да го пријават годинешното производство на тутун за да добијат евидентни листови од ПЕ на МЗШВ. Со овој евидентен лист, тие потоа ќе можат да склучуваат договори со откупните претпријатија. Пријавувањето на тутунопроизводството е до 31 март, а по овој рок, нема да се издаваат евидентни листови“, потенцираше Костадиновски.


 

24 вести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close