вестиМакедонијаТоп вести

АД ЕСМ – МОЌ ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА

За половина година во АД ЕСМ произведени се 1.973.241,70    MWh енергија

 

Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Северна Македонија. Хидроелектраните во Република Северна Македонија се акумулациони и проточни. Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Северна Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развојот на електроенергетскиот сектор и државата во целост. Просторот во Северна Македонија според конфигурацијата на теренот и климатските услови е предодреден за искористување на проточните води од реките, изградба на брани и формирање на поголеми и помали акумулации.

Производство АД ЕСМ 01.01-30.06.2020 година

 

ЕЛЕКТРАНА                        MWh

ХЕЦ ВРУТОК                  130.443,00

ХЕЦ РАВЕН                     14.622,00

ХЕЦ ВРБЕН                     26.859,41

ХЕЦ Шпилје                   129.646,00

ХЕЦ Глобочица               84.072,65

ХЕЦ Тиквеш                     52.798,00

ХЕЦ Козјак                        38.862,10

ХЕЦ Св. Петка                 18.112,68

ВКУПНО ХЕЦ                  495.415,84

 

Термоенергија-ТОПЛИНА ПРЕТОЧЕНА ВО СОЗДАВАЊЕ

Најголем производствен капацитет на АД ЕСМ е Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ со своите три блока од по 233 MW и нето годишно производство од околу 1.200 GWh по блок. Комбинатот е целосно заокружена производствена целина со повеќе единици. Оваа термоелектрана како основно гориво користи јаглен кој е со просечна калоричност од 1.540 kJ/kg.

Другиот термокапацитет во составот на електроенергетскиот систем е рударско – енергетскиот комбинат „Осломеј“ кај Кичево, со инсталирана моќност на блокот од 125 MW.

Третиот термокапацитет е подружницата „Енергетика“ која е проектирана и изградена да овозможи комплетно снабдување на сите потрошувачи на РЖС со електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за греење. Сегашниот конзум на електрична енергија изнесува 8-100 MWh, а топлинскиот конзум изнесува 40 MW, а во фаза на изградба е топловод за уште дополнителни 15MW. Овој капацитет како основно гориво го користи природниот гас.

 

Производство АД ЕСМ 01.01-30.06.2020 година

MWh

ТЕЦ БИТОЛА 1                         267.115,00

ТЕЦ БИТОЛА 2                         511.054,00

ТЕЦ БИТОЛА 3                         549.295,00

ВКУПНО БИТОЛА                 1.327.464,00

ТЕЦ ОСЛОМЕЈ                           53.920,00

ТЕ-ТО Енергетика                     27.989,19

ВЕЦ БОГДАНЦИ                        68.452,67

ВКУПНО ЕСМ                         1.973.241,70

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close