fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се враќа евтината струја и преку ден?!

Инаку, евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Инаку, евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Евтината тарифа на струја беше едно од главните предизборни ветувања на Владата предводена од СДСМ. Нејзината примена започна во октомври 2017 година. Секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот и по 22 часот до 7 наутро граѓаните имаат можност да ја користат, како и секоја недела преку целиот ден.

Од Владата тогаш изјавија дека оваа мерка за подобрување на животниот стандард на граѓаните ќе чини осум милиони евра годишно, а трошоците ќе се покриваат со домаќинско работење на енергетските компании. Евтината тарифа беше укината со образложение дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас, модел на користење на струјата како евтина тарифа немало никаде.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close