fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Расте пазарната цена на маслото за јадење

За првиот квартал годинава најголемиот производител на масло за јадење „Кристал“ има експлозија на профитот  во споредба со истиот период лани.

Пазарната цена на маслото за јадење расте, а тоа во економијата значи дека „кога некому ќе му се стемни другому ќе му се раздени“. За првиот квартал годинава најголемиот производител на масло за јадење „Кристал“ има експлозија на профитот  во споредба со истиот период лани. Во нивното обрзложение пишува дека во одредена мерка влијание имаат и пониските цени на залихите кои се преработуваат сега во однос на актуелните пазарни цени на зејтинот

Велешки „Кристал“ (поранешен „Благој Ѓорев“), најголем и најстар домашен капацитет за производство на масло за јадење, за првите три месеци има добивка од 584.000 евра, што е за 72 пати повеќе од претходната година истиот период.
Растот на профитот на велешката компанија меѓу другото е резултат и на влијанието на дискрепанцата на цените на суровината и на готовиот производ – зејтинот во последните десетина месеци. За повеќе детали во образложението на „Кристал“ дадено кон билансот на успех достапно на информативниот сервис СЕИ-НЕТ на „Македонската берза за хартии од вредност“.

Клучна разлика , во корист на компанијата, е остварена заради старите пазарни цени на суровините за производсто зејтин и на актуелните пазарни цени на маслото за јадење. Повеќе од извесно е дека е сличен трендот и кај другите големи македонски проиводители на масло за јадење : штипски „Брилијант“ (сопственост на најголемата македонска прехранбена индустрија „Витаминка“) и струмичката компанија „Ал-макс“ производител на маслото за јадење „Бисер“.

„Кристал“ во првите три месеци годинава има приходи од продажба 2,8 милиони евра што е за 7 отсто помалку од истиот период лани. Од тоа на домашниот пазар се пласирани продукти вредни 2,69 милиони евра, а извоз е 110.000 евра. Падот на приходите од домашен пазар е само 3 отсто, а извозот е преполовен што можеби е резултат на ставање во фокус на националниот пазар заради растечките пазарни цени на домашниот пазар. Вредноста на залихите на друштвото на крај на кварталот изнесува околу 950.000 евра и во споредба со истиот период лани е повисока за 11 отсто.  Оперативни трошоци 1,76 милиони евра и во споредба со истиот период лани се пониски за 16 отсто односно за над 300.000 евра. Во расходната структура доминантно е местото на трошоците за суровини и материјали за што се потрошени 1,34 милиони евра што е за 300.000 евра помалку од истиот период лани. Оперативната добика надминала 617.000 евра што е за повеќе од 100 пати подобро од истиот период лани.https://faktor.mk/odi-kako-podmachkano-kolkav-e-kvartalniot-profit-na-najgolemiot-makedonski-proizvoditel-na-zejtin

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close