fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Африканската свинска чума ги остави празни поголемиот дел од фармите во источниот регион

Најмногу „удри“ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па и кај нас Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, која задоволуваше 20 отсто од потребите на свинско месо во цела држава и затоа сега имаме недостог на свежо свинско месо. Сега ги чистиме фармите за да ги обновиме, ама тоа оди бавно и тешко,  вели Сарафимов.

Африканската свинска чума ги остави празни поголемиот дел од свињарските фарми во источниот регион. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека со појавата на африканската свинска чума најпогоден беше Брегалничкиот регион, односно фармите од Делчево до Штип. Сарафимов посочува дека има недостаток на свежо свинско месо во државата, бидејќи нема веќе свињи.

-Најмногу „удри“ на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па и кај нас Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, која задоволуваше 20 отсто од потребите на свинско месо во цела држава и затоа сега имаме недостог на свежо свинско месо. Сега ги чистиме фармите за да ги обновиме, ама тоа оди бавно и тешко,  вели Сарафимов.

Тој додава  дека нашата држава не извезува свинско месо, бидејќи одгледувачите на свињи одвај можат да ги задоволат потребите на македонскиот пазар. Според него и забраната за увоз на свинско месо во Албанија за нашата земја и произведители на месо  не  преставува удар, бидејќи во Албанија и ретко  имало извоз на месо. Сарафимов истакна дека поради оваа болест недостаток на свинско  има и во соседните држави, па затоа цената на жива мера е малку повисока.

-Нема ништо да значи оти ние во Албанија не сме извезувале месо, не сме имале извоз многу оддамна. Кај нас има недостиг на свежо свинско месо, но недостиг има секаде и во Србија и во Бугарија и затоа цените се малку повисоки, изјави Сарафимов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close