fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Пелагониските села Средорек, Вранче и Рилево мака мачат со патишта како од 19 век

Средорек, Вранче и Рилево се населени места во најплодниот и најубавиот дел од Пелагонија.

Средорек, Вранче и Рилево се населени места во најплодниот и најубавиот дел од Пелагонија. Трите села како што велат нивните мештани живеат со исти проблеми. Во 21 век до селата водат тешко пристапни патишта со многу дупки и кал а во некои нема бактериолошки исправна вода. поради ова со иселување земјата останува не обработена а сточниот фонд се намалува. Средорек некогаш имал над стотина сега само четириесетина жители. Иста е состојбата и со соседното Вранче. Велат за недај Боже ниту итна медицинска помош ниту пожарна може благовремено да интервенира. Автомобилите ги искршивме а при регистрација плаќаме за патишта. Бараме пат само од 5 километри.

Градоначалникот на општина Долнени нема време за нашите проблеми. Вода и пат нема вели претседателот на месната заедница на Рилево Данчо Атанасоски. Во ова село има 70 жители во лето над 100. Тогаш и водата од куќните бунари загадена со ешерихија коли ја снемува и за луѓето и за стоката. Во општина Долнени признаваат дека за овие и дел од останатите села проекти има но пари нема. Прифатен е само за патот Долгаец Маргари. Набрзо проблемот на Рилево со водата ќе биде решен. Со буџет од 2 милиони евра клучните инфраструктурни проблеми во 36 села не се решаваат. Потребна е финансиска поддршка и од ЕУ и од државата.https://kanal5.com.mk/pelagoniskite-sela-sredorek-vranche-i-rilevo-maka-machat-so-patishta-kako-od-19-vek/a463115

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close