Агенцијата за храна добила известувања за небезбеден сусам од Индија
Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ досега имаат добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуум од пестицид – етилен оксид.

Од Агенцијата додаваат дека во моментот е постапено по две од тие известувања, а за третото од јануари годинава постапката е во тек.
„По приемот на првата нотификација во септември минатата година (23.9.2020), инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки и беше извршена вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата ‘Дрисла’. Во вториот случај од 6 ноември минатата година направена е контрола во магацините на увозникот на сусам и утврдено е дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините“, стои во соопштението на Агенцијата.
Од АХВ уверуваат дека ја следат состојбата и спроведуваат континуирани контроли, а доколку се јави потреба, навремено реагираат во согласност со законските надлежности.https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0/