fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

АГРОМЕТЕО: Врнежите се добредојдени за производителите на житни култури

Овие врнежи, иако не се обилни, се добредојдени за производителите на житни култури, каде недостатокот на влага особено се чуствуваво површинскиот слој, каде во оваа фаза на развој најголемиот процент од кореновиот систем се наоѓа токму во овој слој, потребите на вода во оваа фаза се најпотребни.

Топлото време, со температури и над 25 степени Целзиусови на крајот од април ги изнесе сите земјоделци на своите ниви, а ваквите температури кои беа натпросечни за овој период на годината беа добредојдени за некои култури на кои им беше потребно повеќе сонце за нивен развој, велат од УХМР.

Но, во текот на оваа седмица дојде до промена на временската сосотојба и пад на утринските и дневните температури кои се движат, утринските од 5-14 степени целзиусови и дневните од 13-23 степени, со променливо време и појава на дожд.

Овие врнежи, иако не се обилни, се добредојдени за производителите на житни култури, каде недостатокот на влага особено се чуствуваво површинскиот слој, каде во оваа фаза на развој најголемиот процент од кореновиот систем се наоѓа токму во овој слој, потребите на вода во оваа фаза се најпотребни. Водата исто така е неопходна и за останатите култури иако има доволно влага во подлабоките словеи од почвата, но заради интензивниот развој на растенијата има и поголема потрошувачка на водата, така врнежите во наредните денови ќе бидат добре дојдени и за нив.

-Во овој период кога ќе се создадат услови, треба да се искористи и за заштита на растенијата од болести и штетници но и плевели кај житните култури кои може да направат големи штети кај земјоделските култури. Почвената температура на длабочина од 5 сантиметри се очекува да се движи од 15-22 степени целзиусови, велат од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close