Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денес облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²)
Метео аларм - под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.




