fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Утринската темпертура ќе биде од 8 до 13 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе биде од 11 до 17 Целзиусови степени.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека врнежите од дожд на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската темпертура ќе биде од 8 до 13 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе биде од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде 11, а во текот на денот до 16 Целзиусови степени.

Утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде умерено до значително облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје и утре времето ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата утре наутро ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 10 до 16 Целзиусови степени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close