Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
АХВ: Се повлекува јогурт „Баланс+“ во пакување од 1 килограм поради неусогласена концентрација на афлатоксини
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.
„Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.
Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, порачува АХВ.