fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ако сакаме сирење и кашкавал на трпезите ќе мора да платиме поскапо

Од млекарниците сметаат дека државата може да поведе сметка во однос на политиката на маркетите и тука да се помогне за балансирање на цените на млечните производи.

Поради намаленото производство на млеко во државата, скапите енергенси, но и поскапата работна рака, и натаму ќе растат цените на млечните производи.

За да имаме сирење и кашкавал на трпезите ќе мора да одвојуваме повеќе пари. Најавено е поскапување на млечните производи до 20 отсто до крајот на оваа година. Од млекарниците во земјава велат дека повеќе фактори водат кон поскапување на нивните производи, и состојбата сега е сменета за разлика од пред неколку месеци.

„Количини на млеко има сè помалку, енергенсите поскапуваат, суровините исто, и за работната рака има повеќе трошоци. Сè помалку има квалификувани работници, и тие достигнуваат 70 отсто од европските плати, а во однос на неквалификуваните работници, и нив ги нема“, велат од Млекара АД Тетово.

Од друга млекарница во Западна Македонија објаснуваат дека цените на сировото млеко, амбалажата, пакувањето, струјата, цените на горивата предизвикуваат линеарно поскапување. Велат дека најголемо поскапување има на биеното сирење и кашкавалот, затоа што за производство на еден килограм од наведените производи се потребни 11 килограми млеко. За работната сила, објаснуваат дека за плата под 400 евра тешко се наоѓа работник. Велат дека квалитетниот производ во вакви околности мора да чини поскапо.

Од млекарница во Источна Македонија додаваат дека мораат поскапо да им плаќаат на своите кооперанти, производители на млеко, со цел да не се откажат од сточарството или да не отидат кај конкурентите. Производителите за кравјо млеко добиваат до 28 денари, за овчо млеко 42 денари, а козјото млеко или го нема, или го има во многу мали количини.

„Мора да се зголеми цената за сировото млеко, затоа што луѓето не сакаат да чуваат стока, размислуваат да ја продадат, а воедно и тие имаат трошоци за храна за стоката“, велат нашите соговорници.

Од млекарниците сметаат дека државата може да поведе сметка во однос на политиката на маркетите и тука да се помогне за балансирање на цените на млечните производи.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close