fbpx
ВестиЛов и риболов

Зголемен интерес за рибочувари, намален на кандидатите за ловечки испит

Рибочувар, ловочувар или кандидати за ловечки испит. Министерството за земјоделство објави неколку конкурси за полагање испити со кои кандидатите ќе можат да најдат работа за соодветните професии.

zgolemen interes za ribochuvari namalen na kandidatite za lovechki ispit

 

Во ресорот велат дека годинава, генерално, бројката на заинтересирани за чувари на езерата и на ловиштата е зголемен, а намалување има кај ловечкиот испит поради електронскиот начин на полагање. Интересот е голем бидејќи без положен испит нема вработување како рибочувари и затоа бројката на пријавени кандидати е зголемена. Огласот следува откако под концесија се издаде голем дел од природните и вештачките акумулации во земјава за кои се изработуваа риболовни основи. Во нив точно стои кои риби можат да се најдат во одредени природни или вештачки езера, кои риби се најзастапени во реките, кога е дозволен риболов, колку рибници може да има на одреден слив или езеро. Во риболовните основи е запишано и колку вработени треба да има во една акумулација и на кое работно место.

Во ресорот велат дека полагањето за рибочувари бара претходна подготовка и оти заинтересираноста зависи од слив до акумулација.

– Во однос на ловечкиот испит има намалување на кандидатите по воведувањето на електронското полагање на овој испит. За рибочувари е поспецифично. Интересот е поврзан со добивање концесија и без положен испит, нема вработување како рибочувар – велат во Министерството.

Според објавеното, подготвени се концесии за сите четири природни езера, за 18 вештачки езера и за сите реки. Реката Вардар е поделена на три слива и за секој поединечно е утврдено колку рибници можат да се направат и какви типови риби можат да се одгледуваат.

– Риболовните основи за реката Вардар се направени по сливови (горен, среден и долен тек) поради нејзината должина и специфика. Во риболовните основи за сливовите се утврдени рекреативни ревири за кои се водат поединечни постапки за доделување концесија. Kонцесијата на најголемиот дел од утврдените рекреативни ревири во риболовните основи е веќе доделена, но има и дел за кој дополнително ќе се бараат концесионери – велат во Министерството.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close