fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ако се одложи откупот на тутунот, ќе се одложи и исплатата на субвенциите, реагираат тутунарите

Тутунарите не се согласуваат откупот да се пролонгира до 31 март, а ни самите незнаат уште колку тутун стои неоткупен.

Тутунарите не се согласуваат откупот на тутунот да се одложи до 31 март, сметаат дека тоа ќе биде повод да се одложи и исплатата на субвенциите, велат тие. Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа оваа недела најави дека откупот на тутунот ќе се одложи со цел на раат да се откупи целиот тутун што го произведоа тутунарите. Тие, пак се сомневаат дека тоа е игра на државата за купување време и за исплатата на 5 милиони евра од петтиот пакет мерки, како и повод да се притиснат тутунарите да ги потпишат договорите за следната реколта.

-И’ се дава простор на Владата уште повеќе од месец дена, да ја одложи исплатата на овие пет милиони евра  да им се дадат на тутунарите, бидејќи дури не заврши откупот  до 31 март нема да се распределат.  Значи тие пари ќе ги дадат во мај месец. Ќе се оддолжи давањето на субвенциите. Во исто време заете дека крајот на февруари секогаш се прават новите договори за новата реколта. Значи врз луѓето ќе се врши притисок, ќе се врши уцена – ако сакаш да ти го земам вишокот тутун, ќе мораш да направиш договор, – вели  Игор Мирчески од ИО на незадоволните тутунари.

Васко Јосифовски од Здружението Тутунска надеж пак смета дека проблемот на тутунарите е уште поголем од она што се претпоставува, односно дека  бројот на тутунари кои немаат дадено ни грам тутун до денеска никој не може да го прецизира.

-Никој не кажува како е можно долгогодишни земјоделски стопанства од селските средини да останат без договори или со договори на минимални количини. 300 до 500 килограми не е количина која може да одржи во живот едно семејство, вели Јосифовски.

Според Менде Стомнароски од Сојузот на тутунарски здуженија, откупот на договорениот тутун би требало да заврши во петок оваа недела.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close