Земјоделци и стопанственици на средба во МЗШВ за субвенциите

(Oвој напис е објавен на: January 16, 2018)

mzsv

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се разгледува Националната програма за субвенционирање.

На работниот состанок учествуваат петставници од земјоделските здруженија и од стопанските комори.

Како што велат од МЗШВ за МИА, ќе стане збор за проекциите на државната поддршка во следните пет години.

Од годинашниот буџет за земјоделството кој изнесува 10,1 милијарда денари, 8,4 милијарди се за директна поддршка во земјоделството и руралниот развој. Само за земјоделското производство се планирани 6,6 милијарди денари.


 

канал5