fbpx
Вести

Ако се остварат прогнозите за суша тоа ќе влијае и на квалитетот и на цената на земјоделските производи

zemjodelski proizvodi

После пролетните мраеви земјоделците оваа сезона може да се соочат со нов проблем, долги и сушни периоди.  Прогонозите велат топло  лето со високи температури над вообичаениот просек, најави кои никако не им одат во прилог на земјоделските производители. Според нив доколку прогнозите се остварат тоа сериозно ќе се одрази  врз целокупното земјоделско производство, а посебно врз раноградинарските култури.

-За жал пролетта беше без врнежи, браните ни се намалени некаде со 5 до 6%. Се надевам дека наредниот период нема да се намалуваат туку ќе се зголемат со тие мали дождови што ги имавме , арно ама жално ќе биде што зимата мразот си го зеде своето со дрвцата, а сега летото овие температури ќе си го земат своето, вели Драги Памуков – земјоделска задруга Веге Фреш – Куклиш.

Земјоделците велат дека тие интензивно ги следат прогнозите и се подготвуваат да делуваат превентивно колку што е во нивна моќ, но сепак стравуваат дека можниот сушен период освен што ќе го намали квлитетот во  голема мерка ќе ги зголеми и производствените трошоци.

-Градинарскиот сектор во струмичкиот регион веќе е некаде со 80% под капка систем, но за жал колку и да ги употребуваат тие капка системи ако самиот дедо боже не даде врнежи, браните се намалат, значи и подземите води се намалуваат, не само атмосферските кои ги имаме во браните, туку и подземните се намалуват. Сето тоа ќе се одрази на економскиот дел,  на финансиите на земјоделците, вели Памуков

Конкретни мерки за заштита од најавените сушни периоди земјоделците во моментов немаат. Велат осигурувањето е една од  нив, но засега во градинарството тоа не е на задоволително ниво. Очекуваат прогнозите сериозно да бидат разгледани од страна на сите институции и заенички со земјоделските здруженија и експертската јавност навреме да се преземат  сите неопходни мерки за да се избегнат несакани последици.


 

сител.тв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close