fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ако скенирате фискални сметки, УЈП има важно соопштение за вас

Управата за јавни приходи(УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ. 

Управата за јавни приходи(УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ.

Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ“ во прозорчето  ,,Тип на баркод скенер“ каде што сега стои ,,Напреден“  да ја изберат опцијата ,,Основен“. Фискалните сметки кои не можат да се скенираат  преку опцијата ,,Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. По завршување на овој процес,  Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во  ,,Тип на баркод скенер“,  да ја изберат  опцијата ,,Напреден“  при скенирање на фискалните сметки.

Власта го воведе овој проект, со цел да се сузбие сивата економија и неиздавањето фискални сметки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close