Брошура за одржливо млекопроизводство

УСАИД Македонија, во соработка со израелската агенција МАШАВ – Израел, изработи брошура за одржливо млекопроизводство. Брошурата доаѓа како резултат на истражувањето од страна на членови на агенцијата МАШАВ во Македонија при посетата на фармери што веќе се занимаваат со млекопроизводство, со цел да им помогнат да го зголемат своето производство со споделување на нивни искуства од Израел, се испечати брошура која им се доставува до сите фармери.

Овој прирачник содржи кратки насоки наменети да им помогнат на млекопроизводителите да ги зголемат приносите и квалитетот на нивното млеко. Насоките беа дадени одд-р Езра Шошани и Шимон Офир –експерти за млекопроизводство и исхрана на крави од израелската развојна агенција МАШАВ – како резултат од нивната посета на 26 млекарски фарми во Македонија.Израел веќе долги години е лидер во производството на млеко и нивните млекарски фарми се познати како едни од најсовремените и најпродуктивните во светот. Покрај современата технологија, нивниот успех се должи на напредни практики во грижата за здравјето, исхранатаи благосостојбата на животните, како и во хигиената на молзење и менаџментот на фарма. Примената на нивните практики ќе ви помогне да го унапредите производството на вашата фарма и да ги зголемите приходите од продажбата на млеко.

Здравјето на животните

  • Млекото треба да доаѓа од животни кои се во добра здравствена состојба и редовно контролирани од матичниот ветеринар.
  • Фармерите требада се обучат за мерење на индикаторот на телесна состојба (анг. BodyConditionScore–BCS) и да научат да ги користат резултатите за управување на фармата.

Оценување на телесната состојба на кравата дава дополнителни корисни информации за подобрување на стадото. Главната цел е да се постигне оптимална кондиција на кравата за време на телењето кое покасно влијае на млечноста во целиот тек на лактацијата. Телесната состојба на кравата ни ја покажува количина на телесна резерва што ја има во облик на масни наслаги, а помалку и во форма на мускулно ткиво. Телесната состојба е резултат на нејзиното производство на млеко, консумирање на храна и целокупната здравствена состојба.

Фармерот ја оценува телеснатасостојба на каравата следејќи ги карактеристичните точки на телото на кои се собираат телесните резерви.

Телесната состојба на кравите во стадото дава увид во:

  • Стратегијата и методите на исхрана и репродукција на фармата;
  • Нивото на исхрана во однос на нивото на производство на млеко по грло;
  • Здравствената состојба индивидуално по грло или пак на целата фарма.

Со редовно оценување на телесната состојба на кравите, фармерот се стекнува со дополнителни информации корисни за управувањето со својата фарма, пред се во исхраната.

Хигиена на молзење

Хигиена на фармата при молзењето и ракувањето со млекото по молзењетосе важни фактори кои влијаат на квалитетот на млекото.Млекото добиено на нехигиенски начин не е погодно за производство на производи од млеко.

  • Начинот на молзење треба да се прилагоди според капацитетот на фармата. Потребни се редовни (дневни, месечни и годишни) прегледи на состојбата на опремата за молзење, практикување на правилна хигиена, навремено дијагностицирање на клинички маститис и инвестирање во затворени системи за молзење.
  • Млекото од секое животно мора да се испита за физички, хемиски иорганолептички абнормалности. За таа цел може да се користат едноставни методи за испитување на висината на соматски клетки и бактерии, како CalifornianMastitisTest, дигитален читач за тест за вкупен број соматски клетки во кравјо млеко, тест за рано откривање на субклиничка кетоза во млеко Porta BHB, BHBCheck или слични тестови.Млекото во кое ќе се открие загадување мора да се исфрли.

  • Садовите, вимето и машините за молзење треба да бидат чисти пред молзењето.Мора да се користат средства за одржување на хигиена на садовите, вимето и машините за молзење.
  • Рацете, контактните површини и опремата за молзење мора да бидат чисти во секое време.

Исхрана

Исхраната на нашите фарми најчесто се заснова на обезбедување на сено, сува луцерка и/или пченкарна силажа, како додаток на премикс (т.е. зрна, протеински оброци, витамини и минерали кои фармерите најчестоги подготвуваат на самата фарма).Еден од клучните фактори кои влијаат на стабилноста и продуктивноста во сточарското производство е стабилна продукција на сточна храна, т.е. правилно решена крмна база.

Запомнете: основата за одгледување на млечни крави е квалитетна кабаста храна – силажа, сенажа, сено. Концентратот никогаш не може да ги замени недостатоците во квалитетот на кабастата храна!

  • За оптимално мешање на храната треба да се користи ТМР миксер.
  • При подготовка на храната треба да се консултираат нутриционисти за одредување на оптималниот начинот на подготовка, составот и за потребните количини храна за сите видови на животни од стадото (телиња, јуници, молзни и пресушени крави).
  • Пченката за силажа мора да се жнее во точниот стадиум на зрелост, да се складира во сило-бункери за да се избегне расипување и секогаш да има преку 30% сува материја (влажноста да не биде поголема до 70% за да се обезбеди соодветна ферментација).

Благосостојба на животните

  • Традиционалните фарми со врзан системтреба да бидат надградени за да се обезбеди природна вентилација, удобни легла и простор за слободно движење.
  • Добитокот треба да се одгледува во хигиенски услови.
  • Подот на шталата треба соодветно да се одржува за да се избегне лизгање и да се спречи изложување на животните на стрес.
  • Шталататреба ги штити животните од штетното надворешно влијание од животната средина, како што се лошите временски услови.
  • Шталите и опремата треба да бидат погодни за одржување на хигиената и да ја ограничат опасноста од болести и повреди на животните.
  • Доколку животното е врзано, мора да му се обезбеди доволно простор за движење соодветен на неговите физиолошки и етолошки потреби. Слободата на движење на животните не смее да биде ограничена на начин кој ќе предизвика непотребно страдање или повреда.

Менаџмент на фарми

  • Во Македонија веќе постојат фарми кои ги применуваат повеќето од наведените препораки. Постојат штали со доволно голем простор за кравите да се движат слободно, каде што кравите се молзат во модерни молзилишта, храната се меша и разнесува со ТМР миксер, а мерењето на топлина е базирано на визуелно набљудување или педометар. Сево ова има очигледен позитивен ефект на телесната состојба на кравите, и на квалитетот на млекото. Овие фарми треба да бидат пример на другите фармери како позитивен пример за воведување на добри методи на управување на фарми.
  • Фармите треба да инвестираат во опрема/механизација која ќе ја намали потребата од работниции тешка физичка работа. Тоа ќе помогне да се привлечат нови и задржат постоечките работници.

 

 

Зелена берза

Share Button