fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Албина Домазетовска од Сопотница од дете работи тутун

Обработува над 40 декари земја. 

Албина  Домазетовска од с. Сопотница Демир Хисар, од своите 5 години  одела  на тутун. На почетокот само за друштво да не биде сама нејзината мајка на нива, за со самото растење да работи рамо до рамо со повозрасните членови на семејството. Како што растела, ги учела сите активности,  што и како се работи на нива, паралелно учејќи ги и  моралните норми на однесување што подразбирале дека „утре други ден“ ќе треба да се соочува со многу работа која по некое непишано правило треба да ги извршува само жената, а можеби и повеќе. Ако во денешно време психолозите советуваат кога  човек   има проблем, да се искаже и да говори за тоа, во руралните средини  важи  изреката „Поарно да ме знај куќата отколку цело село“.

.

Албина родум е од Мренога, а веќе 25 години живее со своето семејство во с. Сопотница. Иако завршила Виша економска школа, сепак целиот нејзин работен стаж е на нивите со тутун, пченка, грав, пченица и др. Регистрирана е како индивидуален земјоделец и  не се жали. Работи од утро до мрак без да размислува за дискриминација или нешто друго и целата енергија ја насочува  да обезбеди подобра егзистенција за себе и  своето семејство. Како успева во тоа? Со добра организација на денот може да се стигне со сè, вели таа.

Обработува над 40 декари земја.

Целата приказна  https://zelenaberza.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close