fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

ССК со 15 предлог мерки бара дополнителна помош од владата

Со листа од 15 мерки Сојузот на стопански комори ќе бара од Владата дополнителна помош за опстанок на стопанството.

Со листа од 15 мерки Сојузот на стопански комори ќе бара од Владата дополнителна помош за опстанок на стопанството.

Оттаму предлагаат продолжување на веќе постоечката субвенција од 14.500 денари по вработен до април годинава и линијата на бескаматни кредити за мали и средни претпријатија, неповратна помош за најпогодените сектори – како туризмот, угостителството, транспортот и игротеките но и дефинирање на конкретни протоколи за работа на сите дејности.

Претседателката на сојузот Данела Арсовска вели дека се уште не се повикани на средба во Владата за да се види која мерка може да се вметне во петтиот економски пакет. Вели, најголем дел од досега предложените мерки добиле зелено светло, но проблемот го гледа во нивното имплементирање.

„Во интерес на сите е да се прифати она кое што го бараме а кое што дефинитивно кажуваме дека е навистина скромно, од аспект на тоа кое што се бара за овие претпријатија да го надминат овој период. Веруваме дека така ќе биде и со овие мерки. Претходните беа исто така прифатени меѓутоа проблемите кои што се јавуваат се претежно во имплементацијата, не во прифаќањето или во донесувањето. Ако се нуди помош таа треба да биде едноставна, брзо пристапна, да се добие веднаш и понатаму да се обидеме да направиме нешто и да ја надминеме оваа криза.“вели Данела Арсовска, претседател на ССК.

Угостителите и натаму се гласни во барањата за поголема финансиска „инекција“. Од Независната угостителска комора денеска се пожалија дека секторот бил недоволно поддржан. Вицепремиерот за економија Битиќи не се согласува со нив.

„Сметам дека угостителскиот сектор и те како е помогнат. Само ќе се вратам наназад. Во првиот и вториот пакет на мерки, дури и во бескаматните кредитни линии имаше само мерки за угостителскиот сектор наспроти сите други кои што беа погодени. Треба да сфатиме дека во тешки периоди сите треба да бидеме разумни на очекувањата и можностите. Ние навистина минатата година направивме неколку пакети со кои што им помогнавме на сите субјекти, ќе продолжиме да го помагаме но во рамките на возможното.“истакна Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Петтиот пакет антикризни мерки ќе биде готов кон крајот на овој или почетокот на следниот месец. Вчера Владата на седница усвои еден дел од пакетот со кој компаниите од преработувачката индустрија се ослободуваат од царинските увозни давачки.

„Со ова, проценката е дека 7,1 милион евра ќе чинат како фискални импликации ослободувањата, а минатата година опфатиле еден извоз на трговија, увозот 162 милиони евра, отприлика тој износ на трговија опфатени тарифни броеви.“изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

Новиот пакет ќе „тежи“ 50 милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close