fbpx
ВестиТоп вести

Ќе имаме добра жетва и квалитетно грозје

Според анализата на УХМР и констатациите дека временските услови во многу делови од пролетта и летото беа или ќе бидат во границите на просечните вредности или со мали отстапувања во однос на температурите и врнежите, се очекува стабилно земјоделско производство, како кај есенските посеви така и кај пролетните култури, каде што поради временските услови и големите количества дожд во март сеидбите беа задоцнети.

kje imame dobra zhetva i kvalitetno grozje

 

Предвременото потерување на вегетацијата од околу 10-15 дена беше и причина што мразевите кои се појавија на крајот од март, иако беа во границите на многугодишниот просек, сепак направија штети кај овошките од коскестите видови. Таму имаше зачеток на плод кој оваа година е порано околу една декада од вообичаените термини стои во прогнозата.

Ваквите штети ќе се одразат и на целокупното производство, особено кај кајсијата, која беше и најзасегната, но тоа не значи дека целокупниот род е уништен. Штети има на одделни делови од овоштарниците, особено оние кои се изложени на северна експозиција или овошки кои се наоѓаат на работ од парцелата.

– Преостанатите овошки, особено оние од јаболчестите видови, во периодот на појава на мразевите беа во фаза на почеток на цветање, а тоа се фази кога нивната издржливост кон ниски минимални температури е поголема се вели во прогнозата.

Топлото и стабилно лето треба да придонесе за нормално одвивање на жетвата на есенските посеви, потоа квалитетен развој на овошките од раните сорти и видови, но исто така и за квалитетно производство на грозје, зашто виновата лоза е топлољубива култура.

Просечните количества врнежи во овој период ќе овозможат нормална заштита на овошките и на виновата лоза, а појавата на болести и штетници би била вообичаена.

– Временските услови во септември, кои се очекуваат да бидат во границите на просекот, ќе овозможат нормално прибирање на родот од нивите, особено на овошките и на грозјето од раните сорта, но и на голем дел од пролетните окопни култури што ја завршуваат вегетацијата во овој период прогнозираат во УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close