Амбасадорот на ЕУ Гир на средба со земјоделците од Националната земјоделска мрежа
Околу откупните цени и откупот се спомна дека владее општ хаос и доколку се продолжи вака за година две Македонскиот агросектор ке доживее тотален колапс.
Работен состанок на членови на Националната земјоделска мрежа со Амбасадорот на Европската Унија господинот Дејвид Гир на тема Земјоделие состојби предизвици во Македонскиот агросектор како и идна соработка. Како Национална земјоделска мрежа од наша страна детално беше запознаен господинот Амбасадор за актуелната состојба со откупот и превземањето на житариците како и моменталниот хаос, манипулацијата и девалвирачките цени од страна на трговските откупни фирми, како и инертниот однос од страна на државата околу откупот на овие стратешки култури.Исто така се разговараше околу новиот модел на субвенционирање во агросекторот а кој е оптеретен со многу предуслови кои земјоделците нема да можат да ги исполнат. Се спомена и законот за задолжително земјоделско осигурување во услови на недефинирани критериуми за процена на штети со однапред утврдени цени на производи.
Се дискутираше и за ЕУ програмите за подршка на земјоделците и се упати забелешка дека по сегашниот модел многу малку од поситните земјоделци имаат можност да користат средства од ЕУ фондовите за подршка и развој на земјоделието. Околу откупните цени и откупот се спомна дека владее општ хаос и доколку се продолжи вака за година две Македонскиот агросектор ке доживее тотален колапс. Почитуваниот Господин Амбасадор се заблагодари на исцрпните информации и од негова страна беше понудена дирекна и отворена комуникација и подршка со цел за што побргу и поуспешно исполнување на евроинтеграциите во делот на земјоделието. За таа цел ке иницираат дирекна комуникација со надлежните институции. Од страна на Националната земјоделска мрежа редовно и објективно ке ја известуваме канцеларијата на ЕУ како и лично Господинот Амбасадор за актуелните состојби во Агросекторот како и евентуални манипулации и злоупотреба на позитивните законски одредби од било кој субјект.