fbpx
Вести

Амбициозни планови на општина Новаци

ambiciozni planovi na opshtina novaci

Срцето на Пелагонија е новачкиот крај со најплодните земјоделски површини во Државата. За да прерасне во голем земјоделски центар со раноградинарски и трудоинтензивни индустриски култури, ќе се реализираат два големи зафати. Првиот е топлификацијата која што ќе стаса до Битола, а топлите води во Новаци и Могила ќе бидат искористени за пластеници со раноградинарско производство. Вториот, кој веќе е започнат со реализација со еден километар изграден цевковод, е пренесувањето на водите од ХС „Стрежево“ преку Црна река и поставување системи „капка по капка“ на три илјади хектари.

Но, покрај овие инфраструктурни зафати „тешки“ неколку милиони евра, за Новаци најважно беше, решавањето на одводнувањето и чистењето на коритото на Црна, особено по катастрофалните поплави во 2015 година. Сега, со реконструкцијата на регионалниот пат, направени се испусти, а Црна е исчистена од крупната вегетација и детално чистење допрва ќе се спроведе.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close