fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Анонимен“ бизнисмен од Василево преку инвеститори од Тирана сака да купи фабрика од Владата, објави Фактор

За овој бизнисмен е познато единствено дека минатата година во јуни својата фирма од Василево - „Стар Фоод“ ја преименувал во „Стар Раил Транспорт&Логистицс“.

„Анонимниот“ бизнисмен од струмичко Василево, Ѓорге Трајанов, од Владата како сопственик сака да ја преземе Фабриката за шински возила Велес преку план за реорганизација поднесен до велешкиот суд. Планот за реорганизација и подмирување на доверителите е поднесен на 15 јануари, а рочиштето на кое ќе се одлучува дали тој ќе биде прифатен е закажано на 19 март, објави Фактор.

За овој бизнисмен е познато единствено дека минатата година во јуни својата фирма од Василево – „Стар Фоод“ ја преименувал во „Стар Раил Транспорт&Логистицс“. При тоа избришани се подружниците за трговија и формирани се три нови – една за производство на локомотиви и шини, втора за изградба на железници и трета за патен и товарен железнички транспорт.

Во ноември 2024, нов содружник во Стар Раил Транспорт&Логистицс на Трајанов станува „Трени Балцани Оццидентали“, компанија формирана во 2023 во Тирана која сега има своја истоимена фирма со седиште во Василево. Покрај релативно анонимните сопственици од Тирана, во оваа компанија косопственик е Ситав С.П.А, позната компанија од Италија за одржување и реконструкција на брзи возови и локомотиви. Токму „Трени Балцани Оццидентали“ е единствениот заинтересиран купувач на велешката фабрика чиј единствен сопственик е Владата.

Претходните влади со години префрлаа финансиска помош и бараа разни начини како да се продаде фабриката позната уште и под името „Колска“, која според податоците на Централен регистар во 2023 имала приходи од 40 милиони денари, загуба од 1,36 милиони денари и 61 регистриран работник. Основната главнина се вреднува на повеќе од 5 милиони евра.

Целиот текст https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close