
Агро бизнисВестиТоп вести
Сточарите од Пелагонија не се откажуваат од протестот, утре се собираат во Битола
Сточарите велат дека има неостварени ветувања од МЗШВ за сточарите
Сточарите од Пелагонија утре на 20 јуни (петок) излегуваат на мирен протест пред зградата на Министерството за земјоделие во Битола и не се откажуваат од протестот и покрај тоа што вчера им беа доисплатени субвенциите по грло добиток. Протестот ќе биде едночасовен во период од 11 до 12 часот.
Како што не информира сточарот Тони Петковски од село Велушина, има и други проблеми кои не се решени, како нередовната исплата на субвенциите за стоката и млекото, намалената откупна цена за литар млеко од страна на млекарниците, распределбата на државното земјите, скапата сточна храна, пристапот до вода за наводнување на нивите.