fbpx
ВестиТоп вести

Се повеќе земјоделци од тетовско произведуваат колку за себе

 

Голем дел од земјоделците полека се откажуваа од оваа дејност. Или тоа што го засадуваат го користат само за себе, или пак голем дел од земјоделските обработливи земјишта ги пренаменуваат во градежни парцели.

Претежно тие шти се занимаваат со земојделие од мака започнале со оваа дејност. Маки Вејсели од тетовско Џепчиште 10 години е без работа. Тој поседува околу 40 декари ниви. Вели дека му било жал така да пропаѓа земјата, па решил да ја засадува. Но искуството покажало дека бадијала работи, затоа што за произведеното нема пласман.

-Садев лубеници и домат. Но произведеното не можев да го пласирам. Затоа сега ги намалувам засадените површини. На крај ќе садам толку колку што ми е потребно за домашни потреби, вели Маки Вејсели од тетовско Џепчиште, кој има имот во атарот на село Требош.

Слична судбина дели и Рамиз Саити од истото село.Тој со оваа дејност се занимава од мали нозе. Ги работел сите гранки, се занимавал и со сточарство, но постепено поради несплатливоста започнал да се откажува и сега на своите ниви засадува само домати, останати ниви му се празни. И тој како и останатите земјоделци се соочува со истите проблеми. Немање пласман, ниски откупни цени и високи трошоци за производство. Како што вели и временските услови се непредвидливи од кои многу страдаме.

-Засадувам по неколку илјади корени со домати, но не знам колку од тоа ќе успее, и тие домати што пораснале не знам дали ќе ги биде. Тука во Тетово имаме проблеми и со продажбата немаме каде да продаваме нема пазар на големо, па мораме да продаваме на улици и тротоари а оттаму не брка полицијата. Го покриваме доматот со мрежа од страв да не ни го зафати силен дожд и град, и тоа е скапо и пак не знаеме што ќе излезе на крај. Ако фати силен дожд нема да излезе ништо, и прскањето е скапо, секој пат кога прскаме даваме по 70 евра. Сега уште малку ќе се започнеме со вадење, плеење, копање и тоа многу одзема време. Од сабајле сме до вечер на нивите и на крај за нас ништо не останува. Многу вложуваме а малку добиваме,  вели Саити.

Поради истите проблеми со кои се соочуваат Маки и Рамиз, по нивите низ тетовско каде се засадуваат дел од пролетните култур и се подготвуваат за засадување на доцните пролетни култури, ретко може да се забележи земјоделец.

 

Решени на проблемот само преку едукација на земјоделците

 

Од Агенцијата за поттик на развој на земјоделието, подрачно одделение Тетово, велат дека земјоделците мора да променат повеќе навики, ако сакаат да им биде исплатлива земјоделската гранка. Според раководителот на одделението Петре Петрески, на земјоделците потребна им е поголема едукација, да работат со модерни технологии и да засадуваат нови земјоделски производи, кои се барани на домашниот и странскиот пазар.

Тој советува дека продуктивно земојделие може да има само со консолидација на земјоделското земјиште, или поконкретно земјоделците да почнат да ги разменуваат нивите со цел да формираат поголема земјоделска парцела за да се намалат нивните трошоци.

-Консолидацијата може да се изврши преку размена на нивите меѓу земјоделците, но таа е многу потешка консолидација, дека треба големо разбирање и согласност да има помеѓу земјоделците. Втората алтернатива е тоа да го направи државата. Односно сите ниви на пример кои се во атар на некое село да се избришат од катастар, и потоа на секој земјоделец да му се даде површина колку што поседувал претходно, но таа површина да му се даде на една земјоделска парцела. На овој начин ќе се намалат трошоците на земјоделците, ќе можат да бидат поконкурентни односно на една парцела да засадат на пример еден производ, а исто така преку оваа консолидација, државата има обврска на земјоделците до нивните парцели да им обезбеди пат,  систем за наводнување и слично, и преку оваа помош тие ќе ги намалат трошоците, велат од Агенцијата за поттик на развојот на земјоделието.

 

За сега консолидација на земјоделска површина во полошко не е направена, а многу ретко на нивите може да се забележат нетрадиционални земојделски култури, пак се застапени традиционалните пченка, грав, пченици и градинарски култури.

Зоран Димовски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close