fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Аплицирајте за субвенции за обележани грла кози постари од 12 месеци

Висината на директните плаќања за подмерката 2.10 изнесува 600 денари по грло.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на кози, кои поседуваат минимум 10 кози, постари од 12 месеци на денот на поднесување барање за поддршка, евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања за подмерката 2.10 изнесува 600 денари по грло.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.10. за обележани грла кози постари од 12 месеци, односно за подмерката 2.11.

Корисници на дополнителни субвенции од оваа подмерка се земјоделските стопанства, кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко, како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, се корисници на подмерката 2.10 од Уредбата, или предале или заклале јариња во преработувачки капацитети  запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на подмерката 2.12 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.400 денари по грло.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close