Дебата за „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија во рамките на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе одржат трибина на тема „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“.

На трибината, што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија ќе се расправа по темите: „ГМО-храната од аспект на легислативата во Република Македонија“; „Легислативата за ГМО-храна за исхрана на животните“ и „Лабораториски испитувања на ГМО-храна“.

Презентери на настанот ќе бидат претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Факултетот за земјоделски науки и храна и Институтот за храна при Ветеринарниот факултет.


 

a1on

Share Button