Со свечена конференција на која присуствуваа бројни гости, соработници и вработени, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството одбележа 20 години постоење и 50 години советодавен јавен сервис.
Креирање и испорака на широк спектар на квалитетни, навремени , искористливи и применливи совети, цеосно прифатени и практицирани од страна на земјоделските стопанства, кои ќе овозможат да се постигне одржливо, конкурентно земјоделско производство и рамномерен рурален развој е мисијата на агенцијата .
„Овој ден е многу важен за нас и за државата, но најмногу за земјоделоците. Ние постоиме за земјоделците. Како и до сега и понатаму АПРЗ ќе им дава едукација и совети на нашите земјоделоци, да градат модерно земјоделство и да се се прилагодат на стандардите што ги бара ЕУ. Во својот состав агенцијата има 31 канцеларија, во секој град имаме подрачно одделение со 120 вработени од кои 70 советници се секојдневно на терен“, изјави директорот на агенцијата Елгафар Јусуфи.
„Чест и задоволство ми е како битолчанец да бидам на овој јубилеј на АПРЗ , ова е единствена државна институција на централно ниво што е лоцирана во Битола, која за среќа на земјоделците не само од пелагонискиот ргион туку и во цела држава преку нивните канцеларии кои што гиимаат во другите градови што може советодавните услуги и стручната помош која им е неопходна на земјоделоците да ја дава на соодветен начин со што преку Законот за советодавнуи услуги навистина државата се грижи за земјоделциоте“,изјави директорот на Агенцијата за финансиска помош на руралниот рзвој Никола Бабовски.
Посебниот советник во Владата, Ленче Николовска ја истакна важноста што ја има агенцијата во развојот на македонскиот аграр.
„Агенцијата треба да биде вистински сервис на земјоделците, да биде линк меѓу владата и земјоделците, сите мерки што гиноси Владата да стигнат до земјоделците, агенцијата треба да биде сервис на земјоделските производители“, посочи Николовска.
Во својот поздравен говор, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска истакна дека како градоначалник и е особено драго што се прославува 20 годишен јубилеј на една државна агенција која е сместена надвор од главниот град на РМ, Скопје.
„Агенцијата претставуваше, но и претставува тело, кое во време на експанзија на нови термини, фондови, средства од ЕУ, иновации итн, требаше да им даде пред се советодавно решение на луѓето. Да знаат како понатаму, како да станат конкуренти на пазарот на труд, како да аплицираат за срeдства за подобрување на своите производи, како подобро да пласираат производи, како да се осовременат со механизацијата, како да научат повеќе…..Тешко е сето ова во кус временски период да се научи, особено да се примени. Затоа, агенцијата, токму на терен, ја одигра најзначајната улога за Пелагонискиот регион и Општина Битола“ рече Петровска
На конференцијата присуствуваа и Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрус Челику, како и голем број градоначалници од регионот, декани на земјоделски факултети, претставници на Федерацијата на фармери, земјоделци итн.
Павлина Јовановска
Зелена берза