fbpx
Вести

Финансиска поддршка за земјоделските задруги

traktor

Земјоделските задруги имаат право на финансиска поддршка за нивното основање и работење. Дополнителни субвенции од државата ќе се добиваат и за осигурување на производството и набавка на механизација.

Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основањето и за работењето на регистрираните земјоделски задруги. Парите за направените прифатливи трошоци се добиваат по доставено барање за исплата.

Субвенциите за осигурување за задругарите се повисоки и се од 70 до 80 проценти од полисата во зависност од големината  на задругата.

Задругарите имаат право и на државна помош за набавка на земјоделска механизација и инвестиции за примена на стандардите за производство на земјоделски производи со повисок квалитети.

За организирање на информативни и промотивни активности субвенцијата изнесува 100 проценти од вкупните направени трошоци. По барање на задругарите парите можат да се исплатат одеднаш или на две рати.  Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и 5 од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close