fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Арамии украле 82 грла овци од сточар од скопско Грушино

Од трлото на сточарот Азем Сулејмани исчезнале 82 овци.

Во скопското село Грушино е пријавена една од најголемите кражби на добиток последниов период — од трлото на сточарот Азем Сулејмани исчезнале 82 овци. Случајот го потврдиле од полицијата за „Алсат“, додавајќи дека е во тек интензивна истрага.

Сулејмани проценува дека загубата надминува 27.000 евра, а ова, за жал, не е првпат да стане мета на крадци. Претходно, вели тој, исто така бил ограбуван и останувал без дел од стадото.

Овој пат, разбојниците најверојатно се снимени од камера на соседот, што би можело да биде клучна трага за истрагата.

Од МВР нагласуваат дека преземаат мерки за лоцирање на сторителите и расчистување на случајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close