вести

Пријавување субвенции за млеко

mleko

До 15-ти јуни трае пријавувањето за добивање субвенции за сточарите кои го предале млекото во млекарниците од јануари до април 2017-та година. За еден литар кравјо, овчо и козјо млеко, финансиската поддршка изнесува по 3,5 денари.

Сточарите имаат уште неколку денови за поднесување на барањата за исплата на субвенциите за предадено млеко во млекарниците за првите три месеци од годинава.

Првиот рок е до 15-ти јуни, но оставена е и дополнителна можност фармерите да можат да аплицираат и во втор термин, и тоа од 25-ти до 30-ти јуни 2017-та година.

Финансиската поддршка  е за откупено овчо, козјо и кравјо млеко од јануари до април годинава.

Висината на поддршката изнесува по 3,5 денари за еден литар млеко предадено во лиценцирани млекарници.

Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close